Студентите во блокада за вечерва најавија нови протести ширум Србија под мотото „Србија не може да се смири“. Организаторите соопштија дека собирите ќе се одржат на повеќе локации во Белград, како и во девет други градови низ земјата.

На социјалните мрежи веќе кружат снимки од Ваљево каде што избил пожар во просториите на владејачката Српска напредна партија (СНС). Огнот, според првичните информации, избувнал во текот на демонстрациите.

Студентите ја образложија причината за протестите со прекумерната употреба на сила од страна на полицијата, како и со нападите врз демонстрантите од страна на маскирани лица и симпатизери на СНС.