Опасно животно ги крена на нозе Унгарија и Србија. Полицијата во Унгарија интензивно трага по животното во областа Кишкунхалаша, место недалеку од границата со Србија. Според пишувањата на локалните медиуми тоа место е на само 40 километри од Суботица.
Се трага по животно кое било во заробеништво, а се претпоставува дека се работи за црн пантер, соопшти полицијата.
Потрагата започна откако се појави снимка од опасна дива мачка, која се покажа дека е автентична. Експертите појаснија дека ова опасно животно сака да се храни со мачки, кучиња и ситен добиток, дека лесно се крие и може да биде непредвидлив.