„За мене беше голема чест да уништам голема подморница натоварена со дрога која се движеше кон Соединетите Американски Држави по позната нарко-траса. Американската разузнавачка служба потврди дека пловилото било натоварено главно со фентанил и други нелегални наркотични супстанци.

На подморницата имало четворица познати нарко-терористи. Двајца од нив беа убиени. Најмалку 25.000 Американци би починале доколку дозволев оваа подморница да пристигне на копно.

Двајцата преживеани терористи се вратени во своите матични земји, Еквадор и Колумбија, за притвор и судење. Ниту еден американски војник не беше повреден при оваа акција. Под мое раководство, Соединетите Држави нема да толерираат нарко-терористи кои шверцуваат дрога по копно или море. Ви благодарам за вниманието!“

— Доналд Џ. Трамп
Претседател на Соединетите Американски Држави