Прослава на титула со „прскалки“ и покрај забраната
Вчеравечер КК Маџари ја освои титулата во Втората кошаркарска лига на Македонија, а многу контроверзии отвори нивната прослава. И покрај забранта за употреба на пиротехнички средства во затворен простор кошаркарите на КК Маџари со нивните челни лица титулата ја прославија со „прскалки“. Ваквата прослава може да се забележи и од видеото поставено на страницата на КФСМ.
Погледнете го контроверзниот момент на 2:18:30 на самото видео во продолжение:
Контроверзна прослава и отворени многу прашања по законските измени
Ваквата прослава отвори низа прашања. Штотуку навршија само два месеци од големата трагедија во Кочани, а тоа отвори многу прашања, но и промена на некои закони. За потсетувње, пратениците едногласно изгласаа забрана за пиротехника во затворен простор.
Пратениците едногласно изгласаа забрана за пиротехника во затворен простор
Забрана за употреба на пиротехнички средства во затворен простор и зголемување на глобите за физички и правни лица се предлага во измените и дополнувањата на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Овој закон беше на дневен ред на 42. собраниска седница на почетокот на април.
Промени поттикнати од трагедијата во Кочани
Измените се резултат на трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март, во која загинаа 59 млади лица, а околу 200 беа повредени. Пратеникот Тони Јаревски изјави дека измените се неопходни за да се спречат слични несреќи во иднина.
Со новите измени:
Се забранува користење на експлозивни материи и пиротехнички средства во затворени простории.
Се зголемуваат глобите за прекршителите, а за повторен прекршок се предвидува притвор.
Полицијата добива зголемени надлежности за превенција и постапување во случај на нарушување на јавниот ред и мир.
Паралелно, Министерството за внатрешни работи работи на нов Закон за експлозивни материи за цивилна употреба, со кој детално ќе се регулира оваа област.
Прослава на титула спротивно на законот
Останува да видиме дали ќе има реакција за ваквата прослава на титула на КК Маџари.