Невремето на суперќелиите што ја зафати Италија, а потоа и Словенија и Хрватска, моментално е во Србија и Република Српска, пренесува 4NEWS.mk.
Имено, на социјалните мрежи секоја минута пристигнуваат нови видеа од невремето кое во моментов беснее во Србија и регионот.
Особено застрашувачка е снимка од Република Српска, за која во објава на Инстаграм профилот на 192.rs се наведува дека е снимена вечерва.
View this post on Instagram
Силно невреме веќе ги зафати Сомбор и Суботица, а следниот што ќе биде погоден е Нови Сад.
Според известувачот на „Блиц“ од Нови Сад, невремето веќе пристигнало, а над градот се појавиле „чудни облаци“, какви што досега не се видени.
Нешто пред 19 часот во Сомбор почна да дува ветер со дожд и грмежи. Силниот ветер собори неколку дрвја во градот и околината. Дожд врне и во Суботица каде засега нема силен ветер.