Александар Николоски, јас сум од Македонија. Јас сум политичар, пратеник, потпретседател на мојата политичка партија. Би сакал малку да зборуваме за железницата. Мислам дека тоа е одлична, одлична тема и мислам дека не треба да зборуваме само за ЕУ, туку не треба да ги заборавиме и соседните земји, Западен Балкан. Ориент-експрес сите го знаете од историјата. Барем една од двете големи светски војни беа водени за тој регион. Во овој момент не постои. Теоретски постои затоа што има железница. Но, ако вие, на пример, се обидете да земете воз од Виена или од Будимпешта до Солун, тоа е невозможно. Порано одеа со возови од Париз и одеа директно во Багдад, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-За жал, во железницата, сега сме далеку зад она што бевме во 19 век и затоа го покренувам ова прашање, затоа што може да биде спротивно со брза железница, можеш да седнеш во воз во Виена или Будимпешта и за 5 часа да бидеш на море за одмор, тоа е опција А или опција Б, тоа е најдобриот начин да го намалите притисокот на пристаништата во Северна Европа. Мислам, во Антверпен овде или во Хамбург, бидејќи има две големи пристаништа, тоа се Пиреја и Солун кои не се користат добро, бидејќи нема соодветна инфраструктура. Како може да се направи ова? Веќе има проект за брза пруга меѓу Белград и Будимпешта, како и проект за брза пруга меѓу Будимпешта и Виена. Меѓу Атина и Солун има две брзи пруги, а она што во овој момент недостасува е брзата пруга меѓу Белград, Скопје и Солун.

Зошто го покренувам ова, затоа што мислам дека изградбата на оваа инфраструктура многу ќе и помогне на Европа, главно стратешки, бидејќи да не заборавиме дека ова беше првиот проект што Кина го објави кога ја објави својата иницијатива „Појас и пат“ пред шест години. Тие рекоа дека ќе ги купиме пристаништата што значи Пиреја, каде што успеаја да влезат и потоа ќе изградиме брза железница меѓу Атина, Будимпешта и Виена. Дел од оваа пруга се финансира од кинески пари. Но, мислам дека ова е моментот Европа да преземе иницијатива за овој проект. На пример мојот личен сон, мислам дека Скопје и Солун треба да се поврзат со брза железница и за еден и пол час се оди од Скопје до Солун, од едната до другата страна на географска Македонија или од Скопје до Виена каде што ќе одиш за 3 часа или како што кажав од Виена до море ќе одиш за 5 часа, рече Николоски и додаде:

„Тоа ќе го намали загадување значително бидејќи нема потреба да се возите со авиони без разлика дали има поевтини или нормални авиокомпании за да одите на одмор. Но, исто така, трговијата, која ќе помогне да се зајакне економијата на целиот овој регион. Затоа мислам дека ова треба да биде фокус на ЕУ за да дозволи грант за трите земји за Грција, за Македонија и за Србија да ја завршат оваа брза железница, и да ја поврзат Европа со нејзиниот југ и да ја поврзат ЕУ со ЕУ затоа што вие имате ЕУ земја која не е поврзана со останатите земји од ЕУ и треба да помине во земји кандидати како што во овој момент е мојата земја Македонија и Србија, за кои се надевам дека еден ден ќе бидеме членки.

Значи, тоа е одлична иницијатива. Среќен сум што го слушам ова. Нешто како заклучок можеби од сето ова може да додадеме една забелешка до ЕУ како препорака дека токму тие треба да финансираат брза железница наместо Кина да го прави тоа на југот на Европа“.