Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов, денеска беше изведен пред судот со лисици, како што се гледа на видеото кое го објави ТВ Алфа.
23 уапсени во случајот
Стефанов е осомничен во случајот „Адитив“ во кој се опфатени 23 лица, од кои голем дел се поранешни функционери од ЕСМ, меѓу кои и оние од електраните РЕК Битола и РЕК Осломеј. Откако случајот излезе во јавноста, Стефанов од странство се врати во Македонија и беше приведен на граничниот премин Табановце пред да биде изведен на суд.
„Васко Ковачевски е во бегство“: Мицкоски ја потврди големата акција на МВР во ЕСМ
Во продолжение може да го погледнете видеото од ТВ Алфа:
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ: Ова се луѓето кои се уапсени во големата полициска акција во ЕСМ
Статус на други осомничени
Претходникот на Стефанов во ЕСМ, Васко Ковачевски, останува недостапен за органите на прогонот. Надлежните сметаат дека Ковачевски побегнал од државата.