Радио Лидер како медиум веќе подолг период наназад стои зад измамените корисници на Лајонес/Лајконет и медиумска го актуелизира овој проблем. Во текот на вчерашниот ден, на „неутрален“ терен се сретнаа главниот и одговорен уредник на Радио Лидер, Љупчо Златев и човекот којшто е прва асоцијација за Лајонес, Зоран Витанов.
Дебатата траеше речиси два и пол часа, соговорниците честопати се надвикуваа, а ситуацијата едвај не ескалираше. Од целата дебата, посебен впечаток остави тврдењето на Витанов дека Лајонес и целата пирамидална шема никого не измамила. Всушност, како што вели Витанов, никој не „купил“ облаци, туку ги добил гратис како ПОДАРОК.
Витанов коментирајќи за снимка од пред 9 години каде на тогаш потенцијалните, а сега веќе веројатно измамени соработници, им ветува брда и долини, сега објаснува што се случило во текот на претходните години. Витанов го објасни видеото од денешна перспектива и кажа зошто пропаднал целиот бизнис.
Не 400 евра месечно. Луѓе добиваа 400 евра дневно. Зошто досега никој не го објавил? А тоа видео е цели 45 минути претходно каде објаснувам што треба да се направи за тоа. Ама македонскиот синдром е ништо да не работам, а да станам милионер. А притоа од неработење да стане милионер, започан Витанов.
Витанов во текот на емисијата неколку пати потенцираше дека никој не купил облаци, туку ги добил гратис како подарок.
Облаците се подарок. Ако купиш за 1500 евра или пак за 500 евра шопинг поени, шопинг поените ти отвораат бизнис, а како ПОДАРОК добиваш облаци. А што се облаците? Со тие пари што се авансирани однапред компанијата отвора италијански облак, а компанијата со парите инвестира. Фудбалери на Рома со тие пари ги делеа картичките на навивачите на Рома, вели Витанов.
Сега фирмата е во стечај. Витанов објасни зошто пропаднале облаците.
Е сега? Што се случи во 2020-та? Во цел свет празни стадиони. Тоа не можеше никој да го предвиди. Тоа е објективната причина зошто облаците престанаа. А во меѓувреме, направивме договор со MotoGP, Formula 1, Roma, Inter, Temu. Кога компанијата виде дека стадионите останаа празни одлучи да се откаже од тој ПОДАРОК и реши тој ПОДАРОК да го трансферира. Како ПОДАРОК ни го трансферираа во акции, вели Витанов.
Златев упати низа прашања меѓу кои и: Како фирмата давала акции кога никогаш не излегла на берза?
Целата емисија погледнете ја во продолжение.
Инаку, нашата редакција напраци и цела емисија со измамените од Лајонес. Погледнете го екскузивното сведоштво за нашата компанија како Витанов ги лажел соработниците.