Владата одредува каде снимателите ќе снимаат за време на чествувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Новинарите пак, не можат да го следат чествувањето во кругот на црквата, туку стојат надвор пред платото, пишуваат од makfax.mk.

Вака изгледа работата на новинарите утрово пред Свети Спас. Наместо да најдат решение, владини службеници се расправаат со новинарите.

Владините службеници, кога снимателите бараа да останат пред платото, им кажаа дека тоа не е дозволено и дека мора да бидат внатре бидејќи настанот се одвива во црквата.

На новинарите кои сакаа да влезат внатре им беше укажано дека тоа не е дозволено и дека ќе стојат надвор.

Службеничката Ирена Смиљанска од Влада им посочи на новинарите дека пред платото може да снимаат со телефон.

Целиот текст и видеото може да ги проследите на следниот ЛИНК.