Македонија со Ковачевски и СДСМ е најсиромашната земја во Европа, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

500 илјади сограѓани живеат со по 150 денари на ден.

500 илјади граѓани живеат во сиромаштија и огромно мнозинство, околу 8% од сиромашните се вработени, 45% од сиромашните се невработени, 7% се пензионери и 33% останати. Тоа покажува дека Македонија води меѓу земјите од регионот, ако се анализира на пример Србија има 0,88% со апсолутна сиромаштија, Албанија има 0,45%.

Додека народот гладува и 500 илјади граѓани живеат во длабока сиромаштија, Ковачевски и Зечевиќ со крајно потценување се расфрлаат со крадени пари фрлајќи му во уста на сиромашниот народ.

Тоа го прават затоа што знаат дека ги губат изборите и немаат поддршка од народот.

Се расфрлаат со пари затоа што тие пари се крадени и не се чесно заработени.

Затоа на СДС и на ДУИ им се случи дебакл, и затоа Ковачевски треба да си даде оставка и да има избори, стои во соопштението на партијата.