– Филипче најави дека неделава ќе се разгледувало воведување на мерки на границите при влез во земјава, ама не и било каква реорганизација на институциите надлежни за справување со вирусот. Комисијата за заразни болести, пак, сега ќе ја разгледува состојбата, очигледно затоа што кажа Филипче, а само пред некој ден рекоа „се е под контрола, и дека мерки не требаат“. Евиденто е дека Комисијата работи под диктат на Филипче и Владата, а не професионално, посочува

Прес-конференцијата на Николов интегрално ја пренесуваме во продолжение:

Филипче и по повеќе од година и пол од појавата на корона и три брана на истиот и толку смртни случаи од последниот бран, никако да направи реорганизација на системот. За реорганизација и организација на здравствениот систем не се мрдна речиси ни со прст. Почнувајќи од тоа што минатата година при појавата на вирусот и епидемијата, не се набави ниту лична заштитна опрема, ниту есента минатата година како и сите останати земји, не се стартуваше со набавка на вакцини.Така да денеска додека во другите земји е вакцинирано 50 проценти од населението или повеќе, во Македонија зборуваме за 12 до 15 проценти вакцинирани граѓани.

Резултат на дисфункционалноста на системот се околу 5.500 починати.

Но, зошто да се занимава со она што му е работа, кога може да се тера личен пи-ар и да се бркаат провизии.

ВМРО-ДПМНЕ настапува подготвено. Комисјата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ подготви предлог мерки кои треба да се преземат од надлежните час поскоро, кои требаше да бидат реализирани уште вчера.

Накратко, ова се мерките:

1. Професионализација на Комисијата за заразни болести;

2. Забрзување на вакцинацијата против Ковид-19;

3. Зголемување на контролата на границите;

4. Достапност на тестирање за Ковид-19;

5. Јасен и прецизен „Бел план” за здравствениот систем при нов бран на Ковид-19;

6. Зголемување на достапноста за рендген и лабораториските анализи за пациенти со Ковид-19;

7. Актуелизирање и обновување на протоколите за третман на Ковид-19;

8. Мапирање на здравствениот персонал;

9. План за пациентите со останати дијагнози;

10. Мапирање на здравствените капацитети;

11. Одредување на болници посветени за Ковид-19;

12. Мапирање на постоечката функционална апаратура;

13. Достапност на соодветен третман за пациенти со Ковид19;

14. Достапност на лична заштитна опрема ;

15. Пост-Ковид центри за пациенти коишто прележале Ковид-19;

Овие мерки не се спроведоа, речиси ништо од нив, освен неквалитетна шминка во здравствениот систем.

Време е да се стави крај на неспособноста на ваквото раководење со министерството за здравство!