Уапсен е Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, дознава „Скопје1“. Тој е во полициската станица „Беко“. Според првичните неофицијални информации, Ахмети бил фатен со поголема количина на пиротехнички средства.
„Скопје1“ го улови возилото пред полициската станица во Центар. Таму имаше и проверки, а Ахмети беше вратен во станица. Тој вози џип „ленд ровер“, со албански регистарски ознаки.
Го запреле полициската екипа „Тигри“. Побарале и направиле претрес во неговиот автомобил. Во него имало пиротехнички средства. Непознато е како Ахмети се однесувал со полициските службеници.
Трговијата со пиротехника е забранета. Поради ова се очекува кривична постапка против Дрин Ахмети.
„Скопје1“ побара детали од МВР, од каде до овој момент немаме никакви информации. Прашања упативме и до Дрин Ахмети, за тоа дали е уапсен поради пиротехника, како и колкава количина поседувал. Од него, нема одговор.
View this post on Instagram
Nikola Mali, [12/30/2023 11:28 PM]
Инаку, Дрин, внук на Али Ахмети е и контроверзниот сопственик на трговскиот центар „Соравија“. Тој не вложи ниту денар, а доби објект во центарот на Скопје. Купопродажбата ја правдаше пред медиумите, но никогаш не откри од каде е капиталот, иако вети дека информацијата ќе биде јавна во септември.
Институциите кажаа дека ќе покренат предмет, но нема истрага, ниту се знае што открила предистрагата.
Според најновите информации, Дритан на членовите на единицата за специјални задачи Тигар наводно им рекол дека тој поседува фабрика за производство на експлозиви и затоа во своето возило носел големо количество огномет.
Министерството за внатрешни работи по 40 минути издало наредба до припадниците на екипа „Тигри“ да се повлечат од полициска станица Центар каде се наоѓа уапсениот.
Извори од полициска станица Центар тврдат дека се врши силен политички притисок за поединецот Д.А. или да не одговора или да одговора за помал прекршок.
Извор: Express