Најмалку седум луѓе загинаа, а четворица се повредени, во експлозија што се случи во ресторан во турската област Ајдин, јавува Агенција Анадолија.
Гувернерот на југозападната турска област, Хусеин Аксој, соопшти дека експлозијата се случила во ресторан во округот Назили.
Blast in a restaurant in Nazilli (Aydın province), 7 dead, 4 seriously injured.
Highly likely the Ekrem Coşkun Doner branch in Kıbrıs Cd #Turkey 🇹🇷 pic.twitter.com/BlxXyIZeUJ— Aleph א (@no_itsmyturn) December 30, 2022
Аксој дополни дека според прелиминарните податоци, експлозијата се случила при промена на канистри за гас.
Според телевизијата TRT, во кујната на ресторанот во тоа време имало повеќе од 20 луѓе. Повредените се пренесени во локалните болници, а според медиумските извештаи, тие се во критична состојба.