Во духот на празничната атмосфера, на ден пред Бадник, нашите артисти Ламбе Алабаковски и Антониа Гиговска направија трета верзија на „Вечниот бог“. Изведба која никој нема да остави рамнодушен и за третпат се прави на оваа песна.

Сите почнуваат со подготовките за прославувањето на еден од најголемите христијански празници Божиќ. Се подготвуваат највкусните јадења, се договара семеен ручек, а во пресрет на празникот пристигна новата, трета верзија на „Вечниот Бог“.

„Создадовме дело што треба да го предизвика вниманието на новата генерација деца, на коишто имаме света должност да им ја пренесеме нашата православна традиција на празнување Бадник и Божик, онака како што нашите претци ни ја оставиле нам во предание.

Едноставноста на амбиентот и скромната трпеза во спотот, сведочат за вистинските вредности на Христијанинот и за миг ни ги ослободуваат сетилата од пренатрупаноста на секојдневието, за да можеме да го почувствуваме Божик во срцето, да се Роди Христос во јаслите на нашите души.

Низ ова визуелно дело, ги поучуваме нашите деца, наместо кон обилна телесна гозба, да стремат кон ангелската храна, кон слатката гозба на верата, на правдата, на христијанската радост. Па така, на Божик, да ги посетиме и прегрнеме ближните, заборавените, немоќните, да споделиме, да си простиме!“ – стои во описот на видеото, кое беше објавено на Јутјуб каналот на Бадникови поворки.

Целата песна може да ја слушнете во продолжение:

Извор: Хаштаг.мк