Родителите игнорирале предупредувања

Во полските Татри се случи инцидент кој можеше да заврши трагично. Деветмесечно бебе беше спасено од планински водич по име Шимон Сточ, откако неговите родители од Литванија останале заглавени при спуштање од највисокиот врв на Полска. Родителите ја продолжиле опасната тура иако биле предупредени дека патеката е покриена со мраз и снег, а немале ниту соодветна опрема, ниту патничко осигурување.

Водичот реагирал на време

Кога родителите увиделе дека не можат безбедно да се спуштат, водичот сам го зел бебето и го однел на сигурно. Инцидентот предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, при што многумина побараа родителите да бидат пријавени поради загрозување на животот на детето.

Планината Риси, на границата меѓу Полска и Словачка, е позната по своите опасни зимски услови, а службите редовно апелираат туристите да не се искачуваат без соодветна опрема.