Првиот ден од тридневниот митинг „Не ја даваме Србија“ по повод основање на сенародно движење се одржа денеска во Белград од каде беше упатена порака за важноста на српското единство.

На платото се собраа голем број граѓани кои пристигнуваа од целата земја и од Република Српска, а беше организиран и специјален дочек за Срби кои дојдоа пеш од Косово. Митингот пред Собранието на Србија почна околу 17 часот и 30 минути со дефиле на знамињата на Србија и локалните самоуправи, по што група поддржувачи донесоа знаме долго 200 метри, за кое владата тврди дека е најдолго во историјата на Србија.

Повеќе може да погледнете од видеото во продолжение:

Вучиќ го направи најголемиот собир во историјата на Србија!

Posted by Лидер on Saturday 12 April 2025

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на почетокот на тридневниот митинг „Не ја даваме Србија“ пред Народното собрание во Белград изјави дека денешниот собир е „мал дел од она што ќе се случи утре“, за кога е планиран централниот дел од настанот.

„Србија стана и расте отпорот кон оние кои сакаат да ја уништат“. Вучиќ, кој утре треба да им се обрати на граѓаните на централниот митинг, за медиумите изјави дека од митингот ќе биде испратена многу силна порака.

„Доста беше повлекување… Секогаш ќе пружиме рака, да разговараме, но ако ја уништите државата, таа ваша надеж и шанса помина, државата и нашата земја нема да ги дадеме никому.Утре ќе имаме многу да зборуваме и да кажеме“, нагласи Вучиќ.

Премиерот во технички мандат Милош Вучевиќ на собирот пред српското Собрание нагалси дека Србија немаше да преживее под налетот на шарената револуција доколку не беше мудроста на еден човек, претседателот Александар Вучиќ.

Тој додаде дека се гордее со се што видел – жртвите од Косово и Метохија кои пешачеа од Рашка до Белград, сиромашните и студентите, кои сакаат само едно, а тоа е да учат.

„Претседателот Вучиќ не собра, и само благодарение на неговата мудрост Србија преживеа“.

Лидерот на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ на почетокот на тридневниот митинг наведе дека тоа е митинг на Србија која сака да ги брани своите национални и државни интереси.