Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на Инстаграм го претстави идниот изглед на фабриката за вакцини што ќе се  гради со партнери од ОАЕ и Кина.

„Вака треба да изгледа српската фабрика за вакцини што ја градиме со нашите партнери од ОАЕ и Кина“, напиша Вучиќ во објавата на таа социјална мрежа.

„Наскоро ќе започне изградбата на фабриката за производство на тестови за ПЦР“, додаде тој и посочи дека е горд на Србија и нејзините достигнувања во медицината, фармацијата и здравството.