Ретроспектива: Што се случувало пред ВМРО-ДПМНЕ да дојде на власт?
На настанот се обрати директорот на јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски. Тој потсети на ретроспективата за оваа делница и дека претходната власт од СДСМ и ДУИ не работела на ова.
За само шест месеци успеавме да го решиме проблемот и да ја откочиме реализацијата на овој пат. Имаше проблем со една огромна косина и неасфалтиран пат. Во септември месец се реши проблемот. Успеавме за неколку месеци сето тоа да го реализираме и свечено да го пуштиме овој пат.
Николоски: Фалеа 13 милиони евра
Клучните луѓе задолжени за овој проект едногласни за проблемите кои се соочиле и нивната санација. Министерот Николоски вели дека кога дошол на министерската позиција се соочил со проблем во недостаток на работници, недостаток на финансии, но и недостаток на активности. Фалеле 13 милиони евра, а немало ниту комисија за експресниот пат.
Трајановски ги потенцираше проблемите со кои се соочиле при доаѓањето на власт.
Мора да кажам дека во изминатиот период освен косините беа направени и уште неколку работи кои ги гледате покрај патот: Осветлување, хоризонтална и вертикална сигнализација и друго, вели Трајановски.
Трајановски ги најави идните проекти
Трајановски се заблагодари на изведувачот. Притоа тој потсети на проектите на Владата и министерството за транспорт.
На чело со премиерот Христијан Мицкоски, Македонија се претвора во интензивно градилиште на патишта. Се гради кај Страцин, Струмица – Дабиле, Прилеп – Битола, Кичево – Охрид, Кичево – Струга, обиколница околу Тетово, Гостивар – Тетово, Прилеп – Битола.
Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски излезе со документи и опиша како за краток период се завршил експресниот пат.
Благодарение на агажманот на Владата и премиерот Мицкоски, со интензивна работа, сега проектот е готов.
Граѓаните на целиот пелагониски регион, главниот град, но и сите кои би оделе кон Грција преку граничниот премин Меџитлија сега добија нов експресен пат. Следуваат идни проекти на повеќе локации низ државата.