Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање изјави дека темата со оставките за пожарот во модуларната болница во Тетово станува банална. Како што вели тој, по завршувањето на истрагата ќе го каже својот став по односно на понудените и поднесените оставки на двајца директори во тетовската болница, заменик минитерот и министерот за здравство.