За првпат со медиокоптер од Македонија во странство е транспортиран пациент. За да го одбележат овој настан, како што велат од МВР, прв „во историјата на соверемената македонска држава“, пациентот го испратија дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски и директорот на Градската општа болница 8 Септември, д-р. Христијан Костов, пренесе МКД.мк.

„Оваа наша хумана мисија не само што ја демонстрира кооперативноста на министерствата за внатрешни работи и за здравство кон подобрување на услугите за граѓаните, туку и го потенцира значењето на интеграцијата на модерните технологии и ресурси во спасувачките и медицинските операции”, рече Бојамацалиев и додаде дека употребата на медикоптерот претставува значаен напредок во националната способност да се пружи итна медицинска помош.