Заев пред неколку години при гостување, предизборна трибина, во Штип вети подобар живот за младите преку отворање на студентски домови низ повеќе градови низ Македонија. За жал, ниту едно од овие ветувања не се исполнети, а за ова објави видео поранешниот пратеник од опозицијата, Влатко Ѓорчев. Освен видеото, тој даде и сопствен коментар кој ви го пренесуваме во продолжение.
– Заев на 26.02.2016, пред 5 години:
“Ќе изградиме НОВ студентски кампус во Штип, НОВ универзитетски град во Скопје, исто во Битола, Тетово, Охрид….”.
Народе, до каде е ветувањево?, напиша Ѓорчев на Твитер