Со мотоцикл од 1.600 кубика, чија регистарска табличка ги носи неговите иницијали, на форумот Делфи пристигна поранешниот премиер на Македонија, Зоран Заев, пишува грчкиот портал Вориа.
Заев изјавил дека на 22 април тргнал од Скопје и поминал низ области во западна Грција, а потоа отпатувал во областа Пелопонез, за да стигне до Делфи, каде на утрешниот форум ќе биде еден од говорниците, објави Слободен печат.
Тој изјавил дека по Делфи, патувањето ќе го продолжи кон Солун, па потоа ќе замине на Халкидики каде, пишува порталот, Заев има викендица, која секое лето непрестајно ја посетува.
На прашањето дали за време на посетите на Грција се среќава со луѓе кои се уште се против Договорот од Преспа, тој рече дека многу Грци му велат дека се позитивни за Договорот, додека други му велат „не ми се допаѓа Договорот, но ми се допаѓаш затоа што ти си добар човек“, пишува порталот.
„Патувањето со господинот Заев на сопствен моќен мотоцикл е неговиот многу добар пријател и поранешен министер за здравство во неговата влада, Венко Филипче“, додава Вориа која објави и видео од средбата со Заев.