Вработените во Водовод ги заклучија вратите за да слават во просториите на институцијата. Сител објави дека граѓани се обидувале да си ги платат сметките, но иако вратите останаа затворени, од прозорците се слуша музика и добро расположение.

Некои се обидувале да стапат во контакт и со операторите на Водовод но залудно.

Од претпријатието се правдаат дека благајничките каси ги затвориле во 12 часот поради навремено сложување и предавање на финансиските средство во банките. Но, во последното известување до граѓаните, Водовод вели дека неработни денови ќе бидат 31 декември и 2 јануари и нема да работат шалтерите за наплата во Дирекцијата и наплатните пунктови во Сарај и Шуто Оризари. Никаде не е споменато дека работното време ќе биде до 12 часот.