Неколку автомобили горат во моментов на улицата „Васил Ѓоргов“ во скопската населба Капиштец – јавуваат граѓани за Радио Лидер.
Очевидците сведочат дека пред да го видат огнот, ги вознемирила силна експлозија по која пламнале автомобилите.
Дежурни пожарникари во моментов го гаснат пожарот. На терен има и полиција.