Полицијата ја ослободи жената, која синоќа беше земена за заложник во супермаркет во главниот град на Германија, Берлин.

– Напаѓачот е неутрализиран, а заложничката е ослободена, изјави портпаролот на полицијата Штефан Петерсен-Шуман.

Жената беше заробена синоќа околу 22 часот по локално време, во супермаркет во јужниот берлински кварт Мариенфелде.

Останува нејасно дали осомничениот и жената се познавале.

Еден вработен за „Билд“ изјавил дека напаѓачот бил на касата, не сакал да ја стави стоката на лентата за да ја плати, а потоа одеднаш извадил нож.