Воената помош за Украина била водечка тема за време на разговорот меѓу украинскиот претседател Волдомир Зеленски и шефот на бугарската држава Румен Радев, која медиумите ја оценија како тензична. Причина за тоа е фактот дека Радев, како врховен командант на бугарската армија постојано се противи на секој обид на владата, Бугарија да и додели воена помош на Украина.
„Вие велите дека тоа го правите за да не ја ослабете вашата армија. Сакам да ви кажам дека вашата армија, се со што располагате не би можело да ви помогне доколку се случи судир и војувате со Русија, ако тие ви дојдат овде. Не дека армијата ви е слаба, имате моќна армија, но тоа не е доволно да се одбраните од земја која има 160 милиони луѓе. Затоа е добро да помогнете, за војната не дај боже да дојде до вас, до Романија, до Полска. Не дај боже вие како врховен командант да бидете во ситуација во каква што сум јас сега. Ако не ви помагаат со оружје тие со кои делите заеднички вредности, што ќе правите тогаш? Што ќе кажете, повели Путин, земи си ја територијата на Бугарија? Не, јас сум сигурен дека вие ако сте вистински претседател нема да правите компромиси со вашата држава, со нејзината сувереност и нејзинот територијален интегритет. Ваше право господине претседател е да не ја подржите Украина, но крајната цел на Путин не сме ние, туку ЕУ и НАТО, а вие сте членки и на двете организации. На прес-конференцијата која пред малку ја имавме, се слушнаа грмотевици. Јас не реагирав, но вашите новинари се исплашија. Замислете секој ден така да ви грмат руските ракети“,му рекол Зеленски на Радев.
Zelensky’s dispute with Bulgaria’s pro-Russian president over war.Radev said “there is no military solution” to the war in Ukraine and “more and more weapons will not solve the problem” pic.twitter.com/hozKDkujpN
— Ukrainian Resistance 🇺🇦 (@UkrainXx) July 6, 2023
Зеленски му нагласил Радев дека не е во право кога наместо војна, за агресијата на Русија врз Украина го користи терминот конфликт.
„Тоа не е конфликт господине претседател. Путин не води војна, туку сака да не уништи. Со него нема договор. А, ние само сакаме да живееме, рече тој.
За тоа дека Радев всушност се фатил во небрано сведочи и неговата одлука, снимателите со својата опрема да го прекинат снимањето и да ја напуштат просторијата во претседателската палата во која се одржувале средбата, со образложение дека со украинската делегација ќе продолжат да говорат за проблемите во енергетската сфера.
„Политико“, за средбата пишува дека двете делегации седнале една спроти друга на долга дрвена маса, а лицата на украинските претставници биле скаменети додека Радев објаснувал дека „нема воено решение“ и дека со повеќе оружје нема да се реши „конфликтот“.