Украинскиот претседател Володомир Зеленски преку фејсбук-видео се обрати до украинскиот народ и им откри дека според неговите сознанија Русија ќе изврши напад врз земјата во среда.
Големи луѓе на голема земја! Нашата земја се соочуваше со сериозни надворешни и внатрешни предизвици кои бараат одговорност, доверба и конкретни активности од мене и секој од нас“, рече Зеленски во видеото на Фејсбук.
Ни се заканува голема војна и датумот на воената инвазија е уште еднаш одреден. Ова не е првпат. Но, нашата држава денес е посилна од кога било. Ние се залагаме за мир и сакаме сите прашања да ги решаваме исклучиво преку преговори. И Донбас и Крим ќе се вратат во Украина. Само на дипломатски начин. Ние не гледаме во другите, но не го даваме своето. Имаме неверојатна армија. Нашите момци имаат уникатно борбено искуство и модерно оружје. Ова е посилна армија од пред осум години. Ние сме уверени во нашите вооружени сили и нашата армија треба да ја почувствува нашата поддршка, нашето единство. Основата на нашата армија е довербата во сопствениот народ и силната економија, рече тој.
Како што рече, им било кажано дека 16 февруари ќе биде денот на нападот.
Ни велат дека 16 февруари ќе биде денот на нападот. Но, ние од тој ден ќе направиме ден на единството. Указот е веќе потпишан. Попладнево ќе закачиме национални знамиња, ќе ставиме сини и жолти ленти и ќе му покажеме на светот нашето единство. Имаме една голема европска аспирација. Сакаме слобода и подготвени сме да гласаме за неа. 14.000 бранители и цивили кои загинаа во оваа војна не гледаат од небо. И нема да ги изневериме. Сите сакаме да живееме среќно, а среќата ги придружува храбрите. Никогаш не би можеле да се откажеме и нема да го научиме тоа. Сакајте ја Украина! Ние сме во мир! Ние сме силни! Заедно сме!, порача Зеленски.