Земјотрес во Авганистан: Спасувачите пребаруваат низ урнатините
Земјотрес со јачина од 6,0 степени ја погоди североисточната авганистанска покраина Кунар, при што според последните податоци загинале најмалку 610 лица, а повеќе од 1.500 се повредени. Спасувачките екипи и локалните жители пребаруваат низ урнатините во обид да најдат преживеани, соопштија официјални лица.
🚨⚡️Footage from Afghanistan’s 6.0 quake shows victims airlifted as rescue ops expand. Initial toll: 250 dead, 500 injured in Nangarhar near Pakistan border. pic.twitter.com/1dVDyY3J7S
— RussiaNews 🇷🇺 (@mog_russEN) September 1, 2025
Тешко достапна област со ограничени врски
Портпаролот на Министерството за здравство, Шарафат Заман, изјави дека бројот на жртви може дополнително да се зголеми, бидејќи се работи за тешко достапна планинска област со ограничени комуникациски врски. Локалните власти предупредуваат дека пристигнувањето на информациите од оддалечените региони е забавено, додека лизгање на земјиштето ги блокирало повеќето планински патишта.
Апел за меѓународна помош
Авганистанските власти истакнаа дека дополнителен проблем претставуваат последователните потреси кои ја потресуваат областа. Владата под контрола на Талибанците упати апел за помош до меѓународните организации. Според портпаролот на Министерството за надворешни работи, досега ниту една странска влада не понудила поддршка во спасувачките и хуманитарните операции.