Два земјотреси го погодија Крагуевац, едниот се случи доцна синоќа околу 00.25 часот, а другиот рано утринава во 5.18 часот.
Според Сеизмолошкиот институт, првиот земјотрес бил со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала, додека вториот бил малку послаб, со јачина од 2,0 степени според Рихтеровата скала.
Исто така, се додава дека земјотреси со интензитет како оној што се случи синоќа може да предизвикаат мали оштетувања на објектите во епицентралното подрачје на Крагуевац, пишуваат српските медиуми.
По земјотресот се огласи и директорот на Републичкиот сеизмолошки завод Бранко Драгичевиќ. Тој изјави дека синоќешниот земјотрес кај Крагуевац бил со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 10 километри јужно од Крагуевац.
-Интензитетот во епицентарот беше проценет на V-VI степен од Меркалиевата скала, а првично беше утврдена јачината на земјотресот на 4,1 степени според Рихтеровата скала“, истакна Драгичевиќ гостувајќи во ТВ „Танјуг.
Како што наведе, овој земјотрес можел да предизвика помали оштетувања на ранливи објекти и на оние кои не се сеизмолошки обезбедени. Тој додаде дека утринава во 5 часот и 18 минути е регистриран нов земјотрес со јачина од 2 степени, кој е регистриран само од инструменти, а не можел да се почувствува.
-Живееме на планета која е динамична и дека земјотресите како овој треба да предупредат дека земјата не е стабилна. Мислам дека треба да престанеме да зборуваме за земјотреси и да почнеме да зборуваме како да ги заштитиме луѓето од нив, истакна Драгичевиќ.
#Earthquake in #Kragujevac, #Serbia #4.4 #magnitude pic.twitter.com/lnDYn7cW0a
— Andela (@sexyniccela) November 3, 2021