Спомените за начинот на живот што жените во оваа земја мораа да го водат во периодот од 1996 до 2001 година сѐ уште се живи.
До 1996 година, Талибанците ја презедоа контролата врз голем дел од земјата и наметнаа строга верзија на шеријатот или исламскиот закон.
Групата е обвинета за брутално спроведување на шеријатот, со јавни егзекуции за осудените на убиство или прељуба и ампутација на оние што се прогласени за виновни за кражба. Мажите мораа да ги пуштат брадите, а жените да носат бурка која го покрива целото тело.
На социјалните мрежи се појави видео наводно од Авганистан, на кое се гледа како Талибанците камшикуваат жена облечена во бурка. Нејзините крици ја замрзнуваат крвта во вените, а насобраната маса само тивко гледа што се случува пред нив.
Некои светски медиуми пишуваат дека Талибанците во некои провинции што ги освоиле веќе почнале да земаат девојки од нивните домови за да се омажат за талибански борци.
Командантите на џихадистите им наредиле на имамите на окупираните територии да им донесат список на немажени жени на возраст од 12 до 45 години, за да можат нивните војници да се венчаат со нив бидејќи ги сметаат за воен плен кој треба да го поделат победниците.
Борците оделе од врата до врата за да ги побараат своите „награди“, па дури и ги прегледале семејните гардероби за да ја одредат возраста на девојчињата пред да ги принудат на сексуално ропство.
What future will Taliban bring to Afghanistan pic.twitter.com/MvuLhNX1oR
— Asaad Hanna (@AsaadHannaa) August 15, 2021