Инциденти во Нови Сад со десетици повредени

Тешки судири избувнаа меѓу антивладини демонстранти и поддржувачите на владејачката Српска напредна партија (СНС) во Нови Сад. Поддржувачите на СНС фрлаа ракети и огномет кон студентите-демонстранти, по што интервенираше полицијата. Според извештаите, повредени се 64 граѓани и пет полицајци. Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ потврди дека еден полицаец е повреден, а снимки на телевизијата Н1 покажаа како од правец на партиските канцеларии се испукуваат ракети кон толпата.

Ескалација и во Белград

Напнатата атмосфера се префрли и во главниот град Белград, каде полицијата во панцири ги блокираше антивладините демонстранти кои се приближуваа кон областа со поддржувачите на претседателот Александар Вучиќ. Во близина на седиштето на Српската напредна партија, дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата, која спречи обид да се пристапи до партиските канцеларии. Повеќе може да погледнете од видеото во продолжение:

Реакција на Вучиќ

Претседателот Александар Вучиќ, преку видео објава на Инстаграм, порача дека дошол „да биде со луѓето“ пред парламентот. Обраќајќи им се на своите поддржувачи, тој изјави: „Нашиот одговор до демонстрантите е јасен – нема да ви дозволиме да ја уништите Србија“. Вучиќ ги обвини антивладините групи дека се обидуваат да „започнат граѓанска војна“.

Погледнете повеќе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Razglas news (@razglas_news)