Подготовка за секој ден во најстудениот град на светот

Сардана, 32-годишна мајка на три деца, го минува секој ден во Јакутск, градот познат по екстремно ниските зимски температури кои достигнуваат и до -64°C. Иако условите се сурови, нејзиното семејство функционира нормално и секојдневно се прилагодува на студот.

Во домот на Сардана, температурата е околу 25°C, па семејството носи кратки ракави, но излегувањето надвор бара внимателна и долга подготовка. „Во Јакутск, дури и најмалите детали не се прашање на навика, туку на преживување“, објаснува мајката.

Предизвици и обичаи во домаќинството

Сардана и нејзиниот сопруг Игор имаат тројца малолетни: Максим (12), Вика (7) и Арина, која имала само еден и пол месец за време на снимањето на документарецот. По заминувањето на децата и сопругот на обврски, таа се грижи за домот, што вклучува и собирање вода од мраз, како што е традицијата во Јакутск.

Греењето е екстремно скапо, а сувиот воздух го прави одржувањето на кожата на бебето особено важно. Сардана постојано се грижи кожата на Арина да остане влажна и заштитена од студот.

Екстремна грижа при излегување на студ

Кога оди со автомобил или на надворешни обврски, мајката носи бебето со себе облечено во повеќе слоеви. Таа внимава ниту еден дел од кожата на детето да не биде изложен на студот, бидејќи огромната температурна разлика може да биде опасна.

Сардана исто така објаснува дека облеката и храната се сушат и чуваат надвор на студ, практика која смета дека е корисна бидејќи ниските температури ги убиваат бактериите.