Кандидатот за градоначалник на Општина Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Владко Грозданов утрово е гостин на Радио Лидер.

Тој ја објасни ситуацијата во Кочани по ужасната трагедија и појасни што го натерало во овие тешки услови да поднесе кандидатура за градоначалник.

Владко Грозданов е човек од Кочани. Човек од кочанското секојдневие кој секој ден е со своите сограѓани. Мотивот е пред се желбата да се подобри моменталната состојба. Прво, после ова што се случи во нашиот град мора полека да почнеме да одиме напред. Ако останеме на ова ниво „сме готови“ што би рекле постарите, рече тој за Радио Лидер.

Грозданов сѐ до несреќата работел во Скопје, но откако се случи големата трагедија тој се вратил назад во своето родно Кочани. И самиот Владко Грозданов е еден од најпогодените во несреќата бидејќи и неговата ќерка била тешко повредена во трагедијата во „Пулс“.

Со оглед дека и јас сум еден од погодените. А погодено е речиси цело Кочани. Работата е одговорна. Ни претстојат нови патишта околу лекувања на сите родители со повредените деца. Се наместија коцките и се вратив назад во Кочани, рече Грозданов.

Тој вели дека неговата ќерка полека се опоравува од пожарот и изрази оптимизам дека ќе биде подобра.

Мојата ќерка моментално е подобра. Одиме на подобро. Нѐ чека долг пат во животот. Фала му на Господ и на докторите сега најважно е што сме живи и ќе одиме на подобро. Многу тешки моменти како за мене така и за сите родители. Децата полека се оправаат, но мојата цел е да се борам колку можам. А околу желбата владее болка и нервоза, момент во кој ни треба мислењето да го пренасочиме кон некаква идеја. Животот мора да продолжи, заклучува Грозданов и вели дека тоа е главната причина зошто се нафатил да биде градоначаланик.

Тој вели дека и како медицинско лице тврди дека реакцијата на надлежните била одлична.

Погледнете ја целата емисија.

ЕКСКЛУЗИВНО: ЗА ШТО СЕ ВОДИ БИТКА ВО КОЧАНИ?