Детално објаснување за случувањата во црквата во село Галате 👇

По 23 години молк Македонците од село Галате се кренаа да ја реставрираат црквата Свети Петка која беше многу уништена во војната во 2001 година. Таа црква имало обид да биде рушена од УЧК, а оттогаш до сега 23 години стоела нечепната.
Црквата се наоѓа на регионален пат кој спаѓа под Општина Врапчиште. Таму има неколку села и сите тие се албански. На 200 метри западно од црквата е селото Галате кое е македонско, целосно православно.

По цели 23 години молк претходниве неколку недели се собраа повеќе гостиварчани Македонци. Исчистија, откорнаа треви, средија, како што гледате на видеото викнаа и багери за да се среди црквата. Е сега, откако албанскиот градоначалник на село Врапчиште, Исен Шабани (меѓудругото поставен од ДУИ) викнал полиција и обвинител да се прекине со реставрацијата на црквата.

Ова не е никаква политичка игра. Македонците кои се собрани да ја реставрираат црквата се од сите партии и заедничката цел е да се обнови црквата која е симбол на отпорот на Македонецот низ годините, но пред се во тешката борба во 2001-ва година. Она што е најинтересно е дека во текот на помагањето на реставрацијата деновиве имало и неколку Албанци кои им помогнале на сограѓаните да се реставрира црквата бидејќи религијата е над се. Сепак, и тие наишле да отпор на „хардкор Учките“ кои влегле во конфликт со нив и со нашите Македонци.

Полицијата мора да ги остави Македонците од Гостивар и сите околни гостиварски села кои се обединија за оваа црква истата да ја реставрираат и да постават голем крст. Црквата е изградена во 90-те години од претходниот век и време е повторно да никне во стариот сјај, онака како што доликува.

Оваа црква докажува дека ЖИВ Е МАКЕДОНЕЦОТ и конечно се буди од долгиот зимски сон. Само напред гостиварчани, тука сме да ви помогнеме во заедничката цел!

Боемот 2.0

P.s. Благодарност за информациите од нашиот голем Македонец и брат, @hristijan04 💪

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Nikolovski (@boemot.mk)