Кој е Арсим Папранику, помошникот на Груби за бегството во Косово?

Бизнисменот Арсим Папранику кој е сопственик на Нептун и косопственик на Ист Гејт Мол е осомничен дека го превезол Артан Груби до Косово со дипломатско возило. Преку граница поминале со автомобил кој имал таблички со дипломатска регистрација. Овој инцидент наводно се случил непосредно пред да започне полициската акција за негово приведување.

Златев: Бојкторајте го Нептун

Новинарот Љупчо Златев кој е одговорен уредник на Радио Лидер во утринската емисија повика на бојкот на Нептун од бизнисменот Арсим Папранику кој спроведува криминал на ДУИ. Златев ја искина членската картичка од Нептун и повика на бојкот.

Погледнете го видеото:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ljupcho Zlatev (@zlatevljupcho)

Дисциплинска постапка против гранични полицајци

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе предлог за поведување постапка за утврдување на одговорност на двајца полицајци од Граничниот премин „Блаце“. Тие се обвинети за кршење на работната дисциплина.

Меѓународна потерница за Груби и Бајрами

Меѓународни потерници се распишани за Груби и Перпарим Бајрами, откако обвинителството ја прифати кривичната пријава поднесена од МВР. Според обвиненијата, тие се поврзани со злоупотреби во Државната Лотарија во вредност од над осум милиони евра.