Студентскиот отпор за правда на студентите денеска, во 17.30 часот пред Влада протестираше потенцирајќи дека треба да се изврши зголемување на износот на субвенцираниот студентски оброк од 120 на 160 денари дневно.

Со различни транспаренти, тие упатија порака до Владата и надлежните институции дека „ова нема да им помине“ и дека ќе продолжат да се борат за своите права.

Видеото погледнете го ТУКА.

Тие посочуваат дека не смее да се дозволи штедење на младите луѓе кои седат во студентските домови низ земјава, а фотографиите од социјалните мрежи сведочат дека повеќето од домовите се во катастрофална состојба.

„Потребно е и итно решавање на другите наши проблеми како што е: износот на стипендиите, мерките за штедење на електрична енергија и условите во студентските домови. Доста е од приказни за работни групи, планови, одбори и слично, кога студентите гладуваат и смрзнуваат“, порачаа претходно од Студентскиот отпор за правда на студентите.