Казнет турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу поради видео на кое вози со 224 км/ч на автопат
Казнет турскиот министер за транспорт, Абдулкадир Уралоглу, откако објави видео на кое вози со 224 км/ч на автопат.
Министерот го споделил видеото за промоција на автопатот Анкара-Нигде. На снимката се гледа дека возел многу над дозволените 140 км/ч.
Објавата предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Корисниците го критикуваа министерот за непочитување на правилата.
„Зошто не ги почитувате ограничувањата на брзината, господине министер?“ праша еден корисник. Друг додаде: „Министерот не ги почитува правилата, а граѓаните се казнуваат без проблем.“
По реакциите, Уралоглу потврди дека бил регистриран од радар и казнет за пречекорување на брзината.
„Седнав зад воланот за да го проверам автопатот Анкара-Нигде. За кратко, несвесно, ја пречекорив брзината,“ напиша тој.
Министерот додаде дека почитувањето на ограничувањата е обврска за сите и дека во иднина ќе биде повнимателен.