Попладнево избувна пожар на отворен простор на планината Скопска Црна Гора, над селото Раштак, кој предизвикува густ чад што се шири и е забележлив од повеќе делови на Скопје.
Во гаснењето на огнените јазици се вклучени повеќе екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, тимови на Дирекцијата за заштита и спасување, два авиони „ер трактори“ како и еден полициски хеликоптер.
Според првичните информации, активностите за локализација на пожарот се во тек, а засега не е познато колкава површина е зафатена.