Виенската државна опера ги откажа сите претстави до среда поради неколку случаи на зараза со коронавирус во ансамблот.
Првата претстава беше откажана во саботата кога требаше да биде изведена „Лилјакот“ на Јохан Штраус помладиот.
Државната опера порано не мораше да се затвори поради случаи на Ковид-19.
Повеќе од 85 отсто од персоналот се вакцинирани три пати, а ПЦР тестови се прават најмалку три пати неделно, изјави директор на операта Богдан Рошчиќ.
– Но, условите за работа, особено со уметнички групи, играње, пеење, танцување, заедничко музицирање, оневозможуваат целосна заштита, додаде Рошчиќ.
Тој рече дека поради варијантата омикрон, брзината и интензитетот на заразата драстично се зголемени.