Според Виери на Италија нема воопшто да и биде лесно со Македонија.

Виери смета дека тоа што Италија е под огромен притисок како актуелен европски шампион ќе направи на „Аѕурите“ да им биде навистина тешко.

-Самите се ставивме во голем проблем и знам дека со Македонија ќе ни биде многу тешко. Тој прв натпревар е најтежок, потоа би дошол дуел со Португалија или Турција. Италија е под невиден притисок, тука е и падот во формата, па во таква ситуација не е лесно да играш. Момците остварија голем успехј, знаат колку вреди дресот на репрезентацијата, но сега ни треба чекор повеќе.

-На Еуро 2020 не отидовме под притисок дека треба да го освоиме, најважното за сите беше да одиграме добар турнир и да прикажеме добар фудбал. Сега ситуацијата е многу поинаква, Италија едноставно мора да оди на СП и притисокот е огромен, па фудбалерите треба да покажат дека знаат да се носат со него, изјави Виери.