Синоптичарите за викендот најавуваат променливо облачно и студено време со сончеви периоди и температури под просекот за овој период од годината.

Утринските температури денеска низ целата држава ќе бидат под нулата. Најстудено се очекува да биде во Маврово каде, според прогнозата на УХРМ, температурата ќе се симне 15 степени под нулата. Дневните температури ќе се движат од -4 до 7 степени.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со умерен, а вдолж Поварадрието повремено засилен ветер од северен правец.

Во источните подрачја ќе има услови за провејување на слаб снег.

Во недела, исто така, утринските температури ќе бидат ниски и ќе се движат од -14 до -5 степени, додека дневните ќе достигнат максимум до 9 степени.

Постепен пораст на температурите се очекува од понеделник.