В недела, на 28-ми септември ќе се одржи осветувањето на новоизградениот храм „Св. цар Константин и царица Елена“, кој се наоѓа во центарот на Скопје.

Свечениот чин ќе го предводи Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со повеќе архијереи на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

Богослужбата ќе започне во 8:30 часот, а од МПЦ-ОА упатуваат покана до сите верници да земат молитвено и литургиско учество во овој значаен духовен настан.

Храмот е посветен на светите рамноапостолни цар Константин и царица Елена и претставува ново светилиште во срцето на главниот град.