Посебен режим на сообраќај за Задушница
СВР Скопје ги информира граѓаните дека на 1 и 2 ноември 2025 година, по повод верскиот празник Задушница, ќе биде воведен посебен режим на сообраќај за обезбедување на безбедно и непречено движење на возилата. Мерките ќе ги спроведува Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје.
Промени кај гробиштата Бутел
Со почеток од 06:00 часот, сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно). Сите возила ќе се упатуваат по ул. „Бутелска“, потоа лево по ул. „Александар Урдаревски“, лево по ул. „Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата. За излез од гробиштата, возилата ќе продолжат десно по ул. „Боца Иванова“ до кружниот тек на ул. „Бутелска“, потоа лево по ул. „Бутелска“ и десно по ул. „Кемал Сејфула“.
Режим и за другите гробишта
Посебен режим ќе биде воведен и на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници кои ќе бидат присутни на патиштата опфатени со посебниот режим.
