Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови, информираат од УХМР. Максималната температура на југот од земјава ќе се искачи до 34 степени.

До вторник времето, претежно претпладне, ќе биде нестабилно и локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град. Нестабилноста посебно ќе биде изразена денеска и во понеделник.

Од вторник условите за нестабилност ќе се намалат. Температурите ќе се покачат, а особено топло ќе биде од почетокот на следната недела кога претежно на југоистокот од државата ќе надминуваат 35 степени.