Максималната температура денеска ќе достигне до 40-от степен, а утре до 39. Ув индексот ќе биде 9. Утре кон крајот на денот наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Нестабилно на повеќе места ќе биде во деновите од викендот, кога во попладневните часови ќе има и поинтензивни процеси понекаде во форма на невреме со појава на град и засилен ветер.
Температурата во овие два дена ќе биде пониска за неколку степени односно во сабота ќе достигне до 37 степени додека во вторник 35. Од понеделеник температурата повторно ќе се зголемува.