Австралија денеска го надмина прагот од милион случаи на заразени со Ковид-19. Повеќе од половина од нив се регистрирани во изминатата недела. Забрзувањето на инфекцијата се должи на Омикрон сојот на коронавирусот.

До неодамна, Австралија успеваше да го запре вирусот со агресивни заклучувања и строги гранични контроли. Сега, сепак, земјата почнува да живее со вирусот. Државите Нов Јужен Велс и Викторија регистрираа околу 55.000 нови инфекции во последните 24 часа. Од пандемијата досега починале 2.387 луѓе.