Македонскиот фудбалски репрезентативец Висар Муслиу официјално има нов клуб и од Третата лига на Германија се пресели во второлигашкиот ранг, или во популарната Цвајте.
28-годишниот стопер на националниот тим ќе биде дел од Падерборн. Двете страни се договорија на двегодишна соработка.
„Висар е во најдобрите фудбалски години и е добар микс на искусен играч и физички зрел, што е важно за неговата позиција. Веруваме дека како професионалец ќе даде стабилност на нашиот тим на теренот“, изјави спортскиот директор Бенџамин Вебер.
Муслиу доаѓа во Падерборн од тимот на Инголштад, за кого минатата сезона одигра 25 натпревари. Репрезентативецот беше дел и од МОЛ Фехервар, Шкендија, Приштина, Вардар и Ренова, како и во младинскиот тим на швајцарски Сент Гален и Гостивар.