Изборниот ден во Србија продолжува со зголемување на бројот на граѓани кои го оствариле своето право на глас. Според најновите податоци на ЦеСИД и „Ипсос“, до 14 часот на парламентарните избори гласале 46,4 отсто од запишаните избирачи.
Проценката е направена врз основа на обработени 84 отсто од податоците, соопштија од двете организации кои го следат текот на гласањето.
Гласањето во Србија продолжува во текот на денот, а избирачките места се отворени до 20 часот. Во меѓувреме, изборните организации објавуваат периодични податоци за излезноста, додека се очекуваат и нови пресметки за одѕивот на гласачите.
