15 откази за високи функионери, најавени и кривични пријави

15 решенија за отказ добија високи полициски функционери кои нелегално издавале дозволи за поседување оружје. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски обелодени дека до него стигнале претставки од граѓани, каде се констатирало дека во над 5.000 предмети апликантите не исполнувале услови за дозвола за поседување оружје. Министерот со насоки од јавен обвинител, најави и кривични пријави.

За решавање на проблемот таложен со години, создадена е дигитална алатка, која ќе овозможи неселективен и системски пристап кон дозволите за поседување на оружје, изјави министерот Тошковски.

Обид за убиство на Раде Штекли

Во текот на вчерашниот ден имаше трет обид за убиство на Раде Трајковски-Штекли, а министерот се осврна и на оваа ситуација.

Тошковски за случајот „Штекли“: Одлучно и сурово ќе одговориме

За ворружените напади на јавно место министерот Тошковски без детали во интерес на истрагата. Сепак тој е дециден дека институциите соодветно ќе одговорат против криминалот.