Уште едно утро во Скопје започна со високо ниво на загаденост и воздух опасен по здравјето.
Според мерењата на глобалната платформа IqAir, индексот за квалитет на воздухот во Скопје во 9 часот изнесува 172, што според официјалната скала се вбројува во категоријата „нездраво“ за дишење.
Главниот град утрово се најде на седмата позиција на листата на најзагадени градови во светот, веднаш по Каиро, додека на европско ниво, втор ден по ред, е втор по загаденост, веднаш зад Сараево.
